Поврзете се со нас

Репрезентација

Историска победа: Македонија славеше на гостувањето во Германија (Видео)

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација оствари голема победа над Германија (1:2) во квалификациите за СП во Катар.
Ова е еден од најголемите успеси во историјата на македонскиот фудбал, а избраниците на Игор Ангеловски го заслужија со храбрата и квалитетна игра во Дуизбург.

Стрелци на головите за Македонија беа Горан Пандев и Елиф Елмас.

Германците ја имаа првата голема шанса откако Горецка ја погоди гредата, но во првото полувреме голема шанса имаше и македонската репрезентација, откако нафрлувањето на Барди за малку ќе го изненадеше Тер Штеген, кој со крајни напори ја исфрли топката.

Сепак, голманот на Барселона не можеше да го спречи голот на Пандев во судиското надополнување, откако капитенот реализираше по асистенцијата на Барди.

Германците израмнија во 63. минута, откако судијата процени дека Алиоски го фаулирал Сане во шеснаесетникот, а Гиндоган погоди од белата точка.

Во моментите кога домаќините притискаа за пресврт, Македонија направи одлична контра, Адеми го пронајде Елмас, а тој успеа вторпат да не донесе во водство и да ги постави конечните 1:2.

Со оваа победа, Македонија е на делба на второто место во групата со Германија која исто така има 6 бодови, додека прва е Ерменија со 9 бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни