Поврзете се со нас

Италија

Иличиќ си замина од Аталанта со шпалир и стоечки овации од цел стадион (Видео)

Објавено

на

Јосип Иличиќ вчера го раскина договорот со Аталанта и стави крај на незаборавната авантура која траеше пет години, но сепак вечерва се појави на стадионот во Бергамо и беше испратен достојно, онака како што заслужува.

Словенечкиот фудбалер беше главна ѕвезда на Аталанта до пред две години, но во последните две сезони се мачеше со депресија и на крајот сето тоа резултираше со спогодбено раскинување на соработката.

Иличиќ мирно ќе може да си бара клуб како слободен агент и по истекот на летниот преоден рок, но пред да го направи тоа, доживеа посебни емоции во Бергамо.

Соиграчите му приредија шпалир пред почетокот на натпреварот меѓу Аталанта и Торино, а искусниот напаѓач имаше и блиска средба со најверните навивачи на трибините.

Јосип пристигна во Аталанта во 2017-та година и на 173 официјални натпревари забележа 60 гола и 44 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни