Поврзете се со нас

Англија

И Брентфорд му зема мерка на Челси, Ливерпул влезе во победничка серија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/premierleague

Челси е непрепознатлив во оваа сезона, а таа негова криза ја искористи и составот на Брентфорд кој оваа вечер го освои „Стемфорд Бриџ“.

Гостите славеа со 2-0 и на тој начин му го нанесоа 13 лигашки пораз на поранешниот англиски шампион. Искусниот Азпиликуета си постигна автогол во 37 минута, резултат кој беше активен до 78 кога Мбуемо ги реши сите дилеми околу победникот на овој дуел.

Ливерпул пак со пресврт го доби Вест Хем со 3-1. Ова за „црвените“ беше трето славје во низа, а истото им го донесоа Гакпо и дефанзивецот Матип. Единствениот погодок за „чеканите“ беше дело на Пакета во 12 минута. Четата на Клоп сега има 53 бода и го зазема шестото место на табелата.

До важен триумф во борбата за опстанок пак стигна Нотингем Форест кој го реши Брајтон со 3-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни