Поврзете се со нас

Балкан

Хрватски репрезентативец ќе биде нов соиграч на Барди во Трабзонспор

Објавено

на

Хрватски репрезентативец е на добар пат да му стане нов соиграч на нашиот Енис Барди во турскиот прволигаш Трабзонспор.

„ТРТ Спор“ најавува дека во таборот на поранешниот турски шампион ќе се пресели напаѓачот Бруно Петковиќ од Динамо Загреб. Петковиќ има само уште една година од договорот со најдобриот хрватски клуб, па едноставно е принуден да размислува за негова продажба за да заработи одредени финансиски средтсва во овој преоден рок.

Наводно двете страни успеале да пронајдат заеднички јазик и за сума од три милиони евра Бруно ќе заврши кај сонародникот Ненад Бјелица кој бил и главен иницијатор за реализација на овој трансфер.

Петковиќ во досегашната кариера освен во својата татковина има настапувано и во Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни