Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хрватите го оценија ремито против Шкупи како голем срам, Адеми порача: Не ги потценивме….

Објавено

на

Шкупи беше влезе како изразит аутсајдер од сите букмејкери во двомечот со Динамо Загреб, но по првиот натпревар кој се одигра во Хрватска, ситуацијата драстично се менува бидејќи македонскиот првак покажа дека е цврст орев.

Избраниците на Гоце Седлоски направија сензација и извлекоа 2:2 на „Максимир“, резултат кој им остава да сонуваат за огромно изненадување и пласман во наредната квалификациска рунда во Лигата на шампионите.

Хрватските медиуми пишуваат за срамно издание на националниот првак и потценување на Шкупи, но Аријан Адеми како капитен и стрелец на еден од головите, пред новинарите во Загреб имал друго гледиште.

– Имавме контрола на играта и доста прилики, но имавме и многу грешки кои скапо не чинеа. Мора да бидеме многу подобро од ова и се надевам дека тоа веќе ќе го направиме против Славен, а потоа ќе одиме во Скопје по пласман во следната фаза.

– Немаше потценување, во првите 15-20 минути игравме врвен фудбал. Промашив зицер, па паднавме во мала криза и го примивме тој гол. Се вративме, но на крајот повторно грешка. Тоа е фудбалот, мора да бидете концентрирани сите 90 минути, – изјавил Адеми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни