Поврзете се со нас

Лига Европа

Хоакин му возврати на Мурињо и ја објасни нивната симпатична средба

Објавено

на

Жозе Мурињо не штедеше комплименти за Хоакин Санчес по поразот кој го претрпе Рома од Бетис на домашен терен, но љубовта и почитта меѓу овие двајца е обострана, бидејќи со посебни зборови се огласи и легендарното шпанско крило.

Капитенот на Бетис игра фудбал и на 41 година поради страста која ја чувствува кон оваа игра, а како фудбалски ветеран кој испишува историја во Лига Европа, вчера доби специјална прегратка од Жозе кога го напушти теренот.

Симпатичниот момент се најде во фокусот и ги импресионираше фановите, а Хоакин открива дека нивната приказна трае доста одамна, бидјеќи Мурињо го посакувал за неговиот Челси пред 15 години.

– Многу го почитувам Мурињо и неговата кариера. Горд сум што добив прегратка од таков човек. Тоа значи дека и тој го чувствува истото она што јас го чувствувам за него.

– Се сеќавам дека тој ме сакаше за неговиот Челси и имаме долга историја. Немавме можност да се видиме и сретнеме, но сега добивме шанса. Си кажавме убави работи и навистина сум горд што добив прегратка од човек кој е многу важен за фудбалот, – изјави Хоакин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни