Поврзете се со нас

Светски првенства

Хименез ризикува ригорозна казна за потегот по дуелот со Гана

Објавено

на

Уругвајскиот репрезентативец Хозе Хименез ризикува жестока казна поради својот потег по завршувањето на мундијалскиот натпревар против Гана.

Уругвајците победија, но не успеаја да изборат пласман во осминафиналето и беа бесни на судиите поради наводно недосуден пенал, а Хименез се истакна со својата жестокост на адреса на официјалните лица.

Колегите од националниот тим едвај го задржаа да биде избегнат физички контакт со германскиот судија Зиберт, а потоа Хименез удрил и претставник на ФИФА.

Европските медиуми тврдат дека ако официјалните лица ги навеле сите детали во својот извештај, Хименез ризикува казна до 15 натпревари суспензија, нешто што ретко се случува на фудбалската сцена.

Нејасно е дали таа суспензија ќе се однесува само на настапите во националниот тим, но секако тоа ќе биде голем удар за Уругваецот.

Стоперот на Атлетико удри член на ФИФА и порача: Ова е банда од крадци и измамници, снимете ме…. (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни