Поврзете се со нас

Европски првенства

Херојот на Полска ги запали соиграчите: Одиме по златото (ВИДЕО)

Објавено

на

Полска важеше за голем аутсајдер на четвртфиналната пресметка против Словенија на Европското првенство, но избраниците на Игор Миличиќ покажаа зошто кошарката е магична игра и со фантастична партија се пласираа во полуфиналето каде ќе се соочат со Франција.

Вистински херој на Полјаците беше Матеуш Понитка кој уфрли 26 поени со 16 скока, 10 асистенции и со тоа стана трет играч во историјата на ЕП кој успеал да запише трипл-дабл учинок, односно им се приклучи на Тони Кукоч и Андреј Мандаче.

Трет играч со трипл-дабл на Европските првенства: Човекот што и пресуди на Словенија во Берлин (ВИДЕО)

Токму Понитка како лидер на оваа генерација имаше убава порака за неговите соиграчи по остварениот триумф во Берлин.

-Ајде да прославиме, ајде да одиме по златото, -порача Понитка кој ги запали сонародниците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни