Поврзете се со нас

Англија

Хендерсон се отвори за заминувањето од Ливерпул: Ако некој од луѓето…

Објавено

на

Џордан Хендерсон повеќе од една деценија беше дел од англискиот великан Ливерпул, тим од кој си замина летово и се пресели во Саудиска Арабија во редовите на Ал Итифак каде тренер е Стивен Џерард.

За некого овој негов потег беше изненадување, за други пак не, поточно имаше различни ставови, коментари во англиската јавност. Големиот борец досега не се огласуваше и беше мирен на оваа тема за да сега се отвори и едноставно ги обвини Јирген Клоп и Ливерпул за нзаминувањето од „Енфилд Роуд“.

-Имаше неколку работи кои беа знак за тревога. Имам многу добар однос со Јирген. Беше многу искрен со мене. Нема да навлегувам во детали за разговорот бидејќи е приватен, но ме стави во позиција каде што знаев дека нема да играм толку многу. Знаев дека ќе има нови играчи на мојата позиција.

-Ако некој од тие луѓе ми кажаше: „Сега сакаме да останеш“, тогаш немаше да го водиме овој разговор. И потоа требаше да размислам што е следно за мене во мојата кариера. Сега, тоа не значи дека ме натераа да заминам од клубот или рекоа дека сакаат да заминам, но во ниту еден момент не се почувствував посакуван од клубот или некој да сакаше да останам, -истакна Хендо за „Атлетик“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни