Поврзете се со нас

Италија

Хандановиќ одлично бранеше, Брозовиќ донесе тешка победа за Интер (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Интер издвојува тешка победа над Торино од 1-0 во вечерашниот натпревар од 6. коло во Серија А.

Четата на Симоне Инѕаги не блескаше и на овој меч, имаше проблеми, меѓутоа на висина на задачата беше голманот Самир Хандановиќ кој имаше неколку добри одбрани и со тоа им овозможи на соиграчите да дојдат по значаен погодок, погодок вреден три бода во 89 минута.

Барела испрати одлична топка до Брозовиќ кој успеа да ја смести топката во мрежата на Милинковиќ-Савиќ.

Ова за „нероаѕурурите“ беше четврто сезонско славје во Калчото и во многу подобро расположение ќе ги дочека дуелите со Плзен и Удинезе пред репрезентативната пауза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни