Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон: Да бев во Ред Булот на Перез, Ферстапен немаше…

Објавено

на

Макс Ферстапен е недопирлив за конкуренцијата во Формула 1 и тоа го покажа со осмата последователна победа која ја оствари изминатиот викенд, откако Холанѓанецот беше убедливо најбрз и на Спа.

Ваков расплет на сезоната не можеа да прогнозираат ниту најголемите оптимисти меѓу фановите на Ред Бул, особено ако се знае дека Чеко Перез се покажа како тврд орев во воведните трки и се обидуваше да се закани на тимскиот колега.

Мексиканецот во последно време не вози добро во континуитет и е далеку зад перформансите на Макс, а додека актуелниот шампион ита кон нова титула во „најбрзиот циркус“, Луис Хамилтон се занимава со хипотези и претпоставки.

Седумкратниот светски првак смета дека Ферстапен не би имал лесна задача доколку имал ист болид како неговиот, што јасно алудира на тоа дека возачот на Мерцедес се уште се чувствува доволно силно за да го предизвика најдобриот во израмнети услови на патеката.

– Во овој момент невозможно е да се победи Ред Бул. Тоа ќе се случи само ако се откажат од некоја трка. По круг се побрзи за 0,8 секунди, а понекогаш и за секунда.

– Тоа е актуелната реалност во Формула 1, не можам да направам ништо околу тоа. Секако дека сакам да бидам брз како нив и сакам таков болид. Да бев во болидот на Чеко, на Макс немаше да му биде лесно како досега, но во животот не е се така како што посакувате, – вели Хамилтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни