Англија
Артета убеден: Во мојата глава гледам само една слика од крајот на сезоната!
Микел Артета е свесен дека ништо не зависи од Арсенал и дека за се се прашува Манчестер Сити до крајот на сезоната, но во неговата глава се уште гледа како „топчиите“ ставаат крај на дведеценискиот пост во Премиер лигата.
Менаџерот на Арсенал верува дека Сити ќе киксне еднаш на своите преостанати три меча и дека трофејот ќе заврши во Северен Лондон, за првпат после точно 20 години од славната генерација на Арсен Венгер.
– Во мојот мозок гледам само една слика од крајот на сезоната, а тоа е како го подигнуваме трофејот во Премиер лигата. Кога зборувам пред момците, им кажувам дека ја гледам та слика.
– Верувам во тоа што го гледам во мојот мозок и сакам да го следам тоа што го замислувам. Сакам сите да размислуваат на таков начин, се надевам дека на крајот ќе се радуваме, – изјави Артета пред големото дерби со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
Сити го отвора колото утре против Фулам на гостински терен, а пред натпреварот се појави бизарно видео на кое се гледа како играчите на Марко Силва си играат со летечки змејови, наместо да се подготвуваат за натпреварот со „граѓаните“.
– Секој решава да има „тим-билдинг“ на свој начин. Никој не знае што може да ви донесе такво однесување, но понекогаш знае да донесе и неверојатни резултати, – додал Артета откако фановите на Арсенал почнаа да се откажуваат по споделеното видео на социјалните мрежи.
Before their game against Man City this weekend, Fulham players enjoyed some kite-flying during their training session. 😅🪁pic.twitter.com/z7S5PdyyBP
— CentreGoals. (@centregoals) May 7, 2024
-
Италија24 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија19 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија18 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет22 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија16 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА19 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон