Поврзете се со нас

Англија

Гундоган се одјави од Сити и на прво место го стави Гвардиола

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Илкај Гундоган имаше понуда на маса за продолжување на соработката со Манчестер Сити, но откако го оствари својот сон и освои се што можеше да се освои на „Итихад“, германскиот репрезентативец се одлучи за нов предизвик во кариерата.

Следен чекор во кариерата на искусниот играч за врска е Барселона и двата клуба официјално ја потврдија зделката, по што Гундоган испрати проштално писмо до луѓето со кои испиша историја во изминатите седум години.

– За мене беше привилегија и задоволство да се биде дел од Манчестер Сити во последните седум години. Манчестер стана мој дом и се чувствувам како специјален дел од семејството на Сити.

– Бев доволно среќен за да искусам многу незаборавни моменти тука, а тоа што бев капитен последнава сезона која беше специјална е најголемо искуство во мојата кариера. Прво и основно, сакам да му се заблагодарам на Пеп. Тоа што можев да учам од него толку долго е нешто што никогаш нема да го заборавам.

– Исто така, сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи, актуелни и тие од минатото. За крај, сакам да им се заблагодарам на навивачите на Сити. Тие ме поддржаа од првиот ден и навистина многу им должам. Овој клуб направи да си ги остварам соништата и секогаш ќе бидам благодарен за шансата што ми се укажа. Сити секогаш ќе го носам во моето срце. Еднаш син, секогаш син, – порача Гундоган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни