Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар му го нанесе првиот пораз на Вардар, Воска е нов лидер во ВМФЛ

Објавено

на

Составот на Гостивар издвојува победа над Вардар од 1-0 во дербито на 9. коло во Втората македонска фудбалска лига.

Ова беше дуел на две непоразени екипи, дуел кој домаќините успеаа да го добијат со погодокот од пенал на Каланоски во првото полувреме. Самиот Каланоски се избори за удар од 11 метри, потоа ја презема одговорноста и ја затресе мрежата на „црвено-црните“ иако мора да се каже дека малку фалеше Гачевски да ја фати таа топка.

По ова рунда имаме нов лидер на табелата затоа што Воска го здроби Тетекс со 4-0 и сега го зазема местото кое досега го имаше Вардар.

На останатите дуели со триумфи стигнаа екипите на Пелистер, Охрид, Беса, Саса, додека Караорман и Детонит Плачковица ремизираа 1-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни