Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Големо разочарување: Играчите на Ајакс со нефудбалски потег ги шокирале Италијанците (Видео)

Објавено

на

Наполи му го нанесе најтешкиот пораз на Ајакс во Европа во неговата клупска историја, но Италијанците како достојни гости не беа премногу еуфорични со прославата, а тоа особено важи за тренерот Лучијано Спалети.

Искусниот стручњак на прес-конференциајта нагласи дека Ајакс е клуб за пример и дека триумфот од 1:6 треба да се слави понизно, но за разлика од ваквиот пристап на наполитанците, оној на домаќините не бил баш идеален.

Медиумите од Неапол открија едно разочарувачко видео од подтрибинскиот простор на „Јохан Кројф“ арена, кое само го потврдува она што првично го пренесоа дел од италијанските новинари.

Играчите на Ајакс одбиле да ги разменат дресовите со играчите на Наполи по историскиот пораз од 1:6, но одговорните лица на домашниот тим ја одбиле и последната понуда далеку од очите на јавноста.

Економот на Наполи подарил неколку дресови од небесно сините и за возврат побарал неколку од Ајакс, но сепак добил негативен одговор и се вратил во соблекувалната со празни раце.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни