Поврзете се со нас

Светски првенства

Голем шок: Андоновски и Американките елиминирани со завршна ВАР драма во пенал рулетот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/USWNT

Групната фаза на мундијалот во Австралија и Нов Зеланд беше јасен показател дека Американките не играат како светски шампионки, па иако успеаја да преживеат на мечот со Португалија, избраничките на Влатко Андоновски денеска доживеаја огромно разочарување.

Главните фаворитки за златниот медал на Светското првенство доживеаја болна елиминација во осминафиналето, бидејќи денеска загубија во драматичен пенал рулет со селекцијата на Шведска.

Американките беа подобри во регуларниот дел и имаа свои шанси да го решат прашањето околу победникот во оваа фаза од мечот, но откако не го направија тоа и во дополнителните 30 минути игра, влегоа во ризикот кој секогаш го носат пеналите.

Фудбалерките на Андоновски беа во добра ситуација бидејќи при 3:2 имаа две шанси да го решат мечот, но Рапино и Смит не реализираа за триумф и со тоа ја вратија Шведска во игра.

Бенинсон израмни на 3:3 во петтата серија, а потоа клучно беше промашувањето на О’Хара кое значеше дека Шведска слави со 5:4 во пенал рулетот и патува во четвртфиналната фаза.

Последниот пенал го реализираше Хуртиг, но истиот донесе и ВАР драма бидејќи американската голманка најпрво одбрани, но топката сепак за милиметри ја мина гол-линијата.

Ова е голем удар за бранителките на титулите од последните два мундијали во женска конкуренција, па големи се шансите да биде доведена во прашање и работата на македонскиот стручњак Андоновски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни