Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа ќе го нападне пехарот во двојки на турнирот во Белгија

Објавено

на

Најквалитетниот македонски рекет, Лина Ѓорческа обезбеди место во големото финале во двојки на фјучерсот во Коксејде (Белгија) што се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.

Ѓорческа и Украинката Валерија Страхова се изборија за мечот за пехарот откако во полуфиналето ги преслушаа третите носителки Викторија Босио (Аргетина) и Марин Парто (Франција) на кои им препуштија само два гејма и тоа во првиот сет (6-2, 6-0).

Сега за македонско-украинската комбинација следи најтешкиот, најважниот испит против првите носителки Валентини Граматикопоулоу (Грција) и Валентина Ивахненко (Русија).

Инаку Лина и Валерија веќе во оваа календарска година имаат еден заеднички триумф во дубл и тоа во Телави, турнир кој исто се играше на земја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни