Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ откри каква необична порака добил од Де Минор на мрежа

Објавено

на

Foto:twitter.com/ROLEXMCMASTERS

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето и е на два чекора од трета титула на Мастерсот во Монте Карло, турнир на кој не му одеше воопшто добро во последните неколку години.

Иако пристигна во Монако со многу прашалници над неговото име, Ѓоковиќ на терен покажа дека се чувствува навистина добро во овој момент, а со третата победа се пласираше меѓу четирите најдобри.

Србинот вчера најде решение за Алекс Де Минор во еден меч кој не беше преатрактивен за тениските фанови, па и самиот Ноле призна дека понуденото не ги импресионирало и двајцата актери.

– На победите не им се гледа во заби и добив необична порака од Де Минор на мрежа. Тој ми се обрати со „ugly“ и беше во право. Ова беше навистина грд меч за око, се согласувам со него.

– Тоа поготово важеше за вториот сет, каде имаше многу грешки од моја и негова страна. Напорен меч за играње и гледање, ми беше тешко да се опоравам после некои долги размени. Сепак, победа си е победа и тоа ме води до уште еден меч, – изјави Ѓоковиќ кој денеска во полуфиналето ќе игра против Каспер Руд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни