Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ ја објасни својата провокативна прослава по пласманот во финалето на Ју-Ес Опен (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Новак Ѓоковиќ без загубен сет се пласираше во финалето на Ју-Ес Опен и му одржа лекција на младиот Американец Бен Шелтон, за кого имаше подготвено и провокација откако го освои последниот поен.

Српскиот тенисер ја ископира препознатливата прослава на Шелтон и малку ја измени на свој начин, односно „му спушти слушалка“ на противникот кој го заврши својот настап во полуфиналето.

Новак во недела ќе се бори за својата 24-та грен слем титула во кариерата и негов ривал ќе биде Данил Медведев, но пред да почне да ја анализира играта на Русинот на Флешинг Медоус, мораше да даде одговор за провокацијата во полуфиналето.

Ѓоковиќ доби свирежи од гледалиштето на „Артур Еш“ за својот потег, а на прес-конференцијата беше доволно искрен и призна дека прославата била наменета за противникот.

– Јас сум едноставно заљубен во прославата на Бен. Сметам дека е навистина оригинална и затоа го копирав. Му ја украдов прославата, тоа е тоа, – изјави Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни