Поврзете се со нас

Светски првенства

Ги нема ниту Рашфорд, ниту Стерлинг: Почетните состави за битката меѓу Англија и Сенегал (ФОТО)

Објавено

на

Од 20 часот се игра второто осминафинале од денешната програма на Светското првенство, меч во кој Англија влегува како фаворит во пресметката со Сенегал.

„Гордиот албион“ има највисоки цели, сака да ја освои титулата, па ова ќе биде добар тест против актуелниот африкански шампион. Селекторот на Англија, Герет Саутгејт остана без услугите на Рахим Стерлинг за овој натпревар, односно не е достапен поради семејни причини.

Исто така Саутгејт не се реши да го вклучи разиграниот Рашфорд од првата минута, па така на Кејн најголема помош ќе му бидат Сака и Фоден.

Рајс, Хендерсон и Белингем треба да ја контролираат средината на теренот, додека во одбраната пред голманот Пикфорд се Вокер, Шо, Мегваер и Стоунс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни