Поврзете се со нас

Италија

Германско засилување: Пандев доби нов соиграч во Џенова (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Џенова ја очекува тешка битка за опстанок до крајот на оваа сезона, па поради тоа калчолигашот се обидува да го искористи овој преоден рок за да промени одредени работи, го засили, освежи составот за важните натпревари кои престојат.

Имено италијанскиот прволигаш денеска доби германско засилување и тоа во името на Надием Амири. Амири дојде во Џенова од Баер Леверкузен и тоа на позајмица до крајот на кампањата со тоа што неговиот договор ќе може да биде задолжително откупен ако се исполнат одредени услови.

Амири има 25 години и ги има поминато сите категории во германската репрезентација за која има запишано и пет настапи во А тимот.

Во оваа сезона одигра 20 мечеви за Левекузен и даде два гола со две асистенции. Новиот соиграч на Горан Пандев ќе го носи дресот со број осум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни