Поврзете се со нас

Светски првенства

Гави: Мечот против Јапонија е лекција, Шпанија има една цел

Објавено

на

Шпанија со пораз од Јапонија ја заврши групната фаза, но тој негативен резултат не влијаеше кога е во прашање пласманот во нокаут фазата каде „црвената фурија“ стигна како второпласирана со што за ривал во осминафиналето го доби Мароко.

Многу се говореше и се говори за поразот од Јапонците, меѓутоа Шпанците истиот веќе го имаат архивирано и сметаат дека ќе им послужи како вистинска лекција на патот кон остварување на големаат цел.

-Натпреварот против Јапонија ни е лекција за иднината. За среќа, тој пораз не остави никакви последици. Јасно знаеме што треба да направиме. Сè уште сме фокусирани на целта – да го освоиме Светското првенство. Тоа ќе го постигнеме со тоа што ќе останеме верни на она што го правевме сите овие години. Би било грешка сега да се откажеме од сето она во што веруваме, -порача младиот Гави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни