Поврзете се со нас

Светски првенства

Французите исплашени од ширење на вирус кој веќе му создаде проблем на Дешамп

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Дидие Дешамп направи две промени во стартниот состав за вчерашното полуфинале со Мароко, а причината за отсуството на Рабио и Упамекано е објаснета дополнително.

Двајцата фудбалери не се чувствувале добро, а причината е класичен вирус кој ги разболел француските репрезентативци, па Дешамп се одлучил да смета само на најподготвените фудбалери.

Французите потврдија дека имаат ваков проблем, но и дека прават се што е потребно за да спречат ширење на вирусот во пресрет на финалето во недела.

Упамекано вчера беше на клупата, додека Рабио останал во хотелот по препорака на лекарите, а селекторот се надева дека и двајцата ќе бидат максимално подготвени за дуелот со Аргентина. Проблеми имал и Кингсли Коман, кој исто така не доби шанса од клупата.

– Температурата во Доха опадна, а клима-уредите се постојано вклучени. Имаме неколку случаи со симптоми на вирус, мора да бидеме внимателни да не се прошири наредниве денови, – изјавил Дешамп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни