Поврзете се со нас

Европски првенства

Фото вест: Кој беше најбараниот англиски дрес во Скопје?

Објавено

на

Во англиската фудбалска репрезентација играат повеќе играчи што имаат статус на ѕвезди во Премиер лигата, но исто така и неколкумина стандардни играчи беа недостапни за Герет Саутгејт на овој натпревар.

Во таква атмосфера, скопската публика покажа дека „не се пали“ на имиња како Деклан Рајс (играч на Арсенал кој летово направи богат трансфер вреден 105 милиони фунти) или Џек Грилиш, како ни за ѕвезда од типот на Хари Кејн.

На трибините доминираа македонските дресови со имињата на Пандев, Елмас, Барди, но …

Репортерот на „Дерби“ за време на гостувањето на актуелниот европски вице-шампион забележа повеќе транспаренти на трибините на националната арена, со кои некои гледачи си ја пробаа среќата во надеж дека ќе стигнат до сувенир во вид на дрес од некој фудбалер.

Во оние кое успеа да ги улови нашата камера, повеќето го бараа дресот на Фил Фоуден, играч на Манчестер Сити, а еден само еден се обрати до Маркус Рашфорд, играч на Манчестер Јунајтед. За жал, играчите на „Гордиот Албион“ не беа расположени по нерешениот резултат во Скопје, па не успеавме да уловиме момент дека некому таа желба му се оствари…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни