Поврзете се со нас

АТП

Финалето на Квинс донесе кандидат за поен на годината, Алкарас веднаш му честиташе на противникот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/QueensTennis

Карлос Алкарас се врати на врвот на АТП листата само две седмици по епилогот на Ролан Гарос, бидјеќи со денешниот триумф во финалето на Квинс повторно го остави зад себе Новак Ѓоковиќ.

Шпанскиот тенисер се адаптираше на тревна подлога далеку подобро од изминативе две години и за првпат врза неколку победи во низа, па продолжи да доминира и во финалето против Ди Минор.

Австралиецот се погрижи за достојно финале и загуби во два сета со 6:4 и 6:4, а може да најде утеха во тоа што го освои поенот на турнирот, а можеби и на годината.

Де Минор сигурно ќе биде кандидат за најубавиот поен во 2023-та година, бидејќи режираше еден стоп-волеј кој е одлика само за најголемите тениски шампиони.

Топчето доби необична ротација и од полето на Алкарас се врати во неговото, па и брзиот Шпанец немаше шанси да одговори на ова. За да биде сцената уште поубава се погрижи Карлитос, кој веднаш му честиташе на ривалот уште на мрежа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни