Поврзете се со нас

Репрезентација

ФФМ објави кога ќе се пуштат во продажба билетите за дуелот со Бугарија

Објавено

на

Пред Македонија се последните два натпервари во овој квалификациски циклус во Лигата на нации, средби пред кои селекторот Благоја Милевски се соочува со доста проблеми поради различни фактори.

Од една страна се тешките повреди на неколку играчи кои се надвор од стројот, од друга фудбалерите кои доцна пронајдоа клуб и се надвор од ритам, но и покрај тоа, Милевски најави дека Македонија ќе оди на победа на двете последни пресметки против Грузија и Бугарија.

На гостувањето во Тбилиси ќе мора да бркаме триумф од три гола разлика за да имаме шанса за првото место, кое подоцна би требало да го завериме со триумф над Бугарија со која ремизиравме на стартот на овој циклус.

Вториот меч се игра во Скопје на 26-ти септември, а ФФМ објави дека билетите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник и ќе чинат 250 и 350 денари.

МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 26. септември)

Цени на билети:

Северна Трибина

Блок 13, 14, 18, 19, 20 и 24 – 250 денари

Блок 21 и 23 – 250 денари

Јужна Трибина

Блок 1, 2, 5 и 6 – 250 денари

Блок 3 и 4 – 350 денари

Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Покрај неговите податоци (задолжително презентирање на документ за идентификација), клиентот внесува и податоци за други навивачи за кои купува билети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни