Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен со молскавичен старт во Мексико ги „оддува“ двата Мерцедеси (Видео)

Објавено

на

Макс Ферстапен пристапи максимално храбро и одлучувачки на стартот на трката за Големата награда на Мексико, а за преземениот ризик доби огромна награда и ги мина двата болиди на Мерцедес.

Возачот на Ред Бул стартуваше трет зад двоецот на Мерцедес, па и покрај тоа што на почетокот се чинеше дека Ботас и Хамилтон ќе ги сочуваат своите места, Ферстапен не остана мирен и со фаќање на свијокот од надворешниот дел приреди спектакуларен маневар.

Макс се одлучи за задоцнето сопирање и успеа брилијантно да ја изведе цела акција, во која успеа да ги надитри двата лути ривали.

Во возбудливиот старт, најдебелиот крај го извлече Ботас бидејќи беше удрен од болидот зад него, по што на патеката се појави безбедносното возило.

Хамилтон ја задржа втората стартна позиција, но по рестартот, веднаш почна сериозно да заостанува зад Ферстапен кој веќе има предност од неколку секунди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни