Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен повторно на пол-позиција, возачите на Мекларен се големо изненадување (ФОТО)

Објавено

на

Членот на Ред Бул, Макс Ферстапен ја оправда улогата на фаворит и дојде до пол позицијата на квалификациите за утрешната трка за Големата награда на Велика Британија.

Ова за Холанѓанецот е петта стартна позиција во низа или вкупно седма во овогодишениот шампионат што е уште една потврда за доминацијата во актуелнава сезона. Тој на крајот мораше да се потруди и во последен момент да дојде до првото место и тоа пред изненадувањето Ландо Норис.

Возачот на Мекларен беше блиску до пол позицијата, ама и второто место дефинитивно е одлично постигнување. Зад него е клупскиот колега Оскар Пиастри што е потврда за одличниот настап на Мекларен во квалификациите.

Леклер и Саинц се четврти и петии по што следуваа Расел, Хамилтон, Албон, Алонсо, Гасли…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни