Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен го освои Мексико, Хамилтон се одбрани од Перез

Објавено

на

Макс Ферстапен сосема заслужено победи на трката за Големата награда на Мексико, триумф кој го најави со сензационалниот старт кој го изведе во ситуацијата кога почна зад двата болиди на Мерцедес.

Холанѓанецот реагираше маестрално и со храбар маневар ги остави зад себе двата болиди на Мерцедес, а во продолжение имаше тркачка симултанка и без никаков проблем издоминира од првиот до последниот круг во Мексико.

Валтери Ботас имаше незгода на почетокот и по рестартот беше последен, додека Луис Хамилтон го освои второто место, иако за истото мораше сериозно да се испоти.

Чеко Перез му се „залепи“ на Хамилтон на десет круга пред крајот и имаше посвежи гуми, но иако во два наврати се доближи, сепак во ниту еден момент не го загрози посериозно актуелниот светски шампион.

Хамилтон се одбрани на одличен начин и го потврди второто место денеска во Мексико, кое сепак сигурно нема да го задоволи, што можеше да се заклучи и од неговата реакција веднаш по крајот на трката.

Со новата победа, Ферстапен ја зголеми предноста во генералниот пласман и истата сега изнесува 19 бода. Единствена сатисфакција за Мерцедес денеска е тоа што Ботас во последниот круг му го украде дополнителниот бод на Ферстапен, возејќи најбрз круг во завршниот обид.

Покрај првите тројца, бодови денеска освоија и Гасли, Леклер, Сајнц, Фетел, Раиконен, Алонсо и Норис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни