Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд тврди дека има инсајдерски информации за новиот голман кој се очекува на „Олд Трафорд“: Многу поголеми играчи си заминале од Јунајтед

Објавено

на

Foto:instagram.com/rioferdy5

Рио Фердинанд пред извесно време искажа загриженост за случајот „Давид Де Хеа“ и нагласи дека искусниот голман не заслужува третман каков што добива од клубот, но откако му истече договорот и во моментов е слободен агент, легендарниот стопер смета дека нема да биде лошо ако дојде и до конечна разделба.

Во своето последно обраќање на сопствениот јутјуб канал, Фердинанд изнесе инсајдерски информации за Андре Онана и откри дека Јунајтед ја подготвува првата понуда до Интер, по што очекува и решавање на проблемот со шпанскиот голман кој влезе во брачните води без актуелен клуб.

– Од тоа што го слушам од свои извори, понудите се подготвуваат и ќе почнат да се испраќаат. Онана е некој којго сакаат и ќе се обидат да го донесат. Проблем во моментов е цената која ја поставува Интер, бидејќи Јунајтед нема безрезервни ресурси додека не се комплетира продажниот процес на клубот.

– Тен Хаг сака нов голман и тоа е јасно. Ако клубот повеќе не го сака Де Хеа, треба да го седне на маса и да му каже „Давид, готово е“. Ако се направи тоа ќе биде доволно фер. На поголеми и подобри играчи во минатото им било кажано да си одат од клубот, мислам дека Давид ќе знае да се справи со тоа. Сепак, клубот треба да го најде правилниот начин.

– Ако се прашувам јас, тој треба да биде заменет од Онана, го гледав во живо во полуфиналето во Лигата на шампионите и тој игра со неверојатна самодоверба. Покрај тоа, кога разговарав со Пеп Гвардиола во интервјуто пред финалето, тој многу ми зборуваше за играњето против Онана, велеше дека се подготвува за него. Тој игра како играч од поле, тој е вистински фудбалер, но и добар голман, имаше неколку добри одбрани во финалето. Ќе бидам пресреќен ако дојде, но за мене и натаму приоритет е нов напаѓач, нова „9-ка“, – вели Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни