Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд посебно обожава една ѕвезда на Арсенал: Артета одамна ми порача дека тој е како Суарез

Објавено

на

Арсенал се појасно истакнува шампионска кандидатура со своите настапи во Премиер лигата, бидејќи успешно ги положи и двата теста кои беа посочени како клучни за вистинската состојба во која се наоѓа тимот на Микел Артета.

„Топчиите“ остварија две победи на домашен терен во дерби пресметките против Тотенхем и Ливерпул и останаа првопласирани на табелата во англиската елита, по што пофалбите не престануваат да пристигнуваат од сите страни во Англија.

Легендите на останати клубови како Јунајтед, Ливерпул и Челси се импресионирани од актуелниот изглед на Арсенал, но Рио Фердинанд посебно истакна еден фудбалер кој нависитна го обожава.

– Го сакам Мартинели, навистина го обожавам. Се сеќавам на мојата средба со Артета уште пред неколку години, кога неговиот тим му гостуваше на Бурнмаут.

– Тогаш му нагласив дека Мартинели е многу млад, но дека ми изгледа навистина добро. Артета ми возврати дека се работи за специјален талент, а јас го прашав на кого го потсетува. Тој ми порача дека станува збор за сличен игран а Суарез. Тоа беше доволно за мене да сфатам дека ќе претставува голем проблем. Сега го покажува тоа со своите настапи, – вели Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни