Поврзете се со нас

Македонија

Феникс го надигра Гостивар, ТФТ влезе во победнички ритам

Објавено

на

Кошаркарите на Феникс 2010 го изненадија Гостивар во вечерашниот меч од 11.коло во првата македонска лига.

Домашниот тим одигра пеколно прво полувреме во кое даде 58 поени, поточно стекна предност од 31 разлика (58-27) со што си го отвори патот до рутинска победа иако во вториот дел гостиварци избришаа дел од негативата, поточно се изборија за попристоен пораз.

Такер и Трајковски со по 20 поени беа први стрелци кај Феникс, кај гостите Димитриевски и Корсантија реализираа по 13 кошеви.

Во вториот дуел ТФТ како гостин беше подобра од Куманово со 82-71. Клубот од Тафталиџе игра добро во последно време, а најдобар доказ за тоа е што ова беше петти триумф во низа во сите конкуренции (Прва Лига и АБА2).

Николов со 15 поени беше прво име кај ТФТ, Глигоријевиќ беше стрелец на 18.поени за Куманово.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни