Поврзете се со нас

Евролига

Евролига: Звезда фуриозна на стартот на новата сезона, Партизан без сили во Израел

Објавено

на

Foto:twitter.com/kkcrvenazvezda

Српските великани имаа половичен успех на стартот на новата сезона во кошаркарската Евролига, која денеска донесе возбудувања на пет терени на стариот континент.

Програмата беше отворена во Белград со натпреварот кој го играше Црвена Звезда против Асвел, а на кај домашните играчи водени од публиката стигнаа до лесна и убедлива победа од над 20 поени разлика.

Новак Ѓоковиќ заедно со својот татко беше поддршка плус за „црвено-белите“ и се израдува на големата победа на Звезда, која на крајот славеше со 94:73 во преполната „Штарк арена“.

За разлика од Звезда, Партизан имаше непосакувано отворање на новиот шампионат во Европа, бидејќи момците на Жељко Обрадовиќ немаа сили за цели 40 минути во Израел и загубија со 96:81.

ОВаа убедлива победа секако не беше планиран старт за актуелниот АБА шампион, а од другите натпревари, за издвојување е уште победата на Барса над Анадолу со резултат 91:74.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни