Поврзете се со нас

Македонија

Еуро Никел славеше над Вардар во последниот меч од регуларниот дел во Првата лига

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Кошаркарите на Еуро Никел 2005 издвојуваа триумф над Вардар од 70:67 во последниот натпревар од регуларниот дел во Првата лига.

Оваа средба беше далеку поважна на „црвено-црните“ кои посакуваат победа за подобра стартна позиција во шлеј-аут лигата, но иако избраниците на Јованчев дадоа се од себе не успеаа да дојдат до посакуваниот резултат.

Гостите од Кавадарци подобро се снајдоа во завршниот период кој го реализираа со 21-17.

Смит Мексвејн со дабл-дабл од 24 поени и 10 скока и Дубински со 20 кошеви беа лидери кај Еуро Никел, додека пак Атанасов со 16 поени беше прв стрелец кај Вардар.

ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

(1) МЗТ Скопје Аеродром –  (8) Гостивар

(4) Чаир 2030 – (5) ТФТ Моцарт

(2) Работнички –  (7) Феникс 2010

(3) Пелистер – (6) Еуро Никел 2005

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни