Поврзете се со нас

Англија

Енкетија го реши големото дерби и донесе ерупција на „Емирејтс“ (Видео)

Објавено

на

Арсенал продолжи да граби кон сонот наречен титула во Премиер лигата, откако денеска оствари победа која значи многу повеќе од три освоени бода.

„Топчиите“ беа подобар ривал од Манчестер Јунајтед и го надиграа противникот во повеќе фази од мечот, но победата ја осигураа дури во 90-та минута од мечот, профитирајќи од завршниот притисок во последните 20 минути.

Од друга страна, Манчестер Јунајтед покажа дека е тим кој има се поголема самодоверба и цврстина во играта со изданието на „Емирејтс“, но сепак нема доволно креација во завршната третина за да наштети повеќе на гостување како ова во Северен Лондон.

Гостите поведоа со фантастичниот гол на Маркус Рашфорд и ги направија работите пеколно тешки за домаќините, кои пак одговорија со сериозна иницијатива и брзо израмнување преку Енкетија.

Второто полувреме започна со фантастичен гол на Букајо Сака за 2:1, а кога Арсенал беше далеку подобар на теренот, видовме ново израмнување. Мартинез беше најумешен по еден корнер и ги лобуваше играчите на домашниот тим за 2:2, а од тој момент преостанаа уште половина час активен фудбал.

Арсенал фрли се на една карта во напад и тргна по трет гол, кој на крајот и го дочека во 90-та минута. Енкетија беше стрелец по уфрлањето на Зинченко, а голот беше признат по проверка на ВАР, односно откако се увиде дека нема офсајд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни