Поврзете се со нас

Англија

Емери за однесувањето на Мартинез: Ќе разговорам со него кога ќе се врати

Објавено

на

Емилијано Мартинез беше еден од хероите на Аргентина на Светското првенство во Катар, човек кој беше на највисоко ниво во најважните моменти и со тоа даде голем придонес за пехарот кој „гаучосите“ го чекаат скоро четири децении.

Голманот освен со својот квалитет се истакна и со своето однесување, провокации кои предизвикаа реакции кај фановите, па околу целата оваа ситуација мораше да се огласи и неговиот клупски тренер од редовите на Астон Вила, Унаи Емери.

-Понекогаш е тешко да се контролираат силните емоции. Ќе разговарам со него, но почитувам што се уште е на репрезентативно отсуство. Кога ќе се врати во клубот тоа ќе биде наша одговорност. Многу сме горди на него, тој стана светски шампион и тоа е извонредна работа, -изјави Емери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни