Поврзете се со нас

Франција

Ексклузива на „Лекип“: ПСЖ го избра новиот тренер

Објавено

на

foto: https://twitter.com/PSG_English

Францускиот шампион ПСЖ долг период се обидува да пронајде наследник за досегашниот тренер, Кристоф Галтие, а „Лекип“ денеска пренесе дека конечно е донесена официјална одлука.

Само еден ден откако целосно се прекинати преговорите со Јулијан Нагелсман, ПСЖ решил да му ја довери одговорната задача на Луис Енрике.

Раководството на ПСЖ размислуваше за Тиаго Мота како поранешен фудбалер на оваа екипа и човек во кого претседателот Насер Ал Келаифи има голема доверба, но на крајот пресудило искуството на поранешниот шпански селектор.

Луис Енрике има и европска титула со Барселона и многу побогато си-ви од Мота, па очигледно и тоа пресудило да му биде дадена предност во оваа трка.

„Лекип“ пренесува дека останува да се финализираат уште некои детали пред промоцијата, но сега Луис Енрике е навистина пред добивање на одговорната задача.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни