Поврзете се со нас

Англија

Ѕвезда на Челси со иронична објава за пропаднатиот трансфер: Проблеми со коленото….. (Фото)

Објавено

на

Хаким Зијеш остана без трансфер во ПСЖ изминатиот јануарски преоден рок поради административни грешки меѓу Челси и споменатиот француски клуб, но работите не тргнаа добро за него и на стартот на летниот трансфер пазар.

Крилниот напаѓач не е во плановите на Маурисио Покетино и е ставен на трансфер листата, но иако беше пред промоција во Ал Наср, Мароканецот на крајот не ги мина медицинските тестови.

Ал Наср со објава дека „има проблеми со коленото“ го отфрли договорениот ангажман на поранешниот фудбалер на Ајакс, кој сега повторно мора да тренира индивидуално во потрагата по нова средина.

Зијеш неколку дена молчеше по крајот на оваа бизарна трансфер сага, но денеска се огласи со иронична објава, јасно алудирајќи дека Саудијците го измислиле неговиот проблем со коленото.

– Проблеми со коленото, нели???

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни