Поврзете се со нас

Македонија

Џиролами победи на Зандворт, прв триумф за македонски ПСС Рејсинг во ТЦР Европа

Објавено

на

Франко Џиролами победи на трката на патеката Зандворт во рамките на ТЦР Европа првенството и донесе прв, историски триумф за македонскиот тим ПСС Рејсинг.

Аргентинецот стартуваше од четвртата позиција, брзо го презема водството на трката и со својата Хонда рутински ја одржа предноста до крајот, на вкупно 15 кругови кои беа возени денеска во Холандија.

Ова е прва победа и најголем успех за ПСС Рејсинг, но и за самиот Џиролами во рамките на ТЦР Европа. Со истата ќе го преземе и првото место во генералниот пласман, што е уште еден важен успех за македонскиот тим.

Виктор Давидовски исто така извозе добра трка и во силната конкуренција стигна од 14. стартно до 10. конечно место, со што оствари подобар пласман за една позиција во однос на вчерашната трка.

Тоа значи и уште еден „Дајмонд“ трофеј откако Македонецот има најдобар пласман меѓу возачите со над 40 години.

На победничкиот подиум се најдоа уште Лангевелд и Калјехас, додека вчерашниот победник Коронел не ја заврши трката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни