Поврзете се со нас

Италија

Ѕаниоло не се најде во составот на Рома, спортскиот директор ја смирува тензијата

Објавено

на

Николо Ѕаниоло беше исвиркан од фановите на Рома за време на куп пресметката со Џенова, а вечерва воопшто не е во составот на „волчицата“ на дербито со Фиорентина.

Таквиот развој на настаните веднаш предизвика шпекулации дека фудбалерот е незадоволен од својот статус и однесувањето на фановите, па и дека влегол во конфликт со Жозе Мурињо.

Сепак, спортскиот директор Тиаго Пинто тврди дека единствената причина за отсуството на италијанскиот репрезентативец е болеста.

– Николо информираше дека има стомачни проблеми и треска, утре ќе биде прегледан од доктор.

– Не верувам дека добил вакви симптоми од свирежите на фановите, – изјавил Пинто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни