Поврзете се со нас

Англија

Дрогба со критики за Челси: Клубот ја загуби препознатливата класа

Објавено

на

Дидие Дрогба има посебно место во клупската историја на Челси, а со последната изјава потврди дека размислува слично како други поранешни фудбалери, кои периодов го коментираа однесувањето на новиот сопственик.

Конзорциумот на Тод Боели го презема Челси од Роман Абрамович, а уште на старт отпушти одреден број вработени, вклучувајќи го менаџерот Томас Тухел.

– Се сеќавам на Челси како клуб со посебна класа во ерата на Абрамович, но тоа е нешто што му недостасува сега.

– Тешко ми е да гледам како се ослободија од одредени луѓе, посебно физиотерапевтите кои работеа таму долго време.

– Челси треба да им се врати на вредностите и однесувањето по кои беше познат, – истакнал Дрогба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни