Поврзете се со нас

Светски првенства

Дрогба го издвои фудбалерот кој добива најмалку внимание: Франција ќе има мала предност во финалето

Објавено

на

Дидие Дрогба добар дел од својата кариера градеше во Франција и се прослави настапувајќи за Марсеј, па како човек кој добар дел од животот мина во оваа земја, реши да им ја додели фаворитската улога на „триколорите“ во пресрет на големото финале на мундијалот во Катар.

Легендарниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска смета дека Франција ќе влезе со блага предност во неделното финале на „Лусаил“ стадионот, од едноставна причина што еден дел од овие француски играчи веќе знаат да се носат со притисокот наречен завршен меч на еден мундијал.

– Франција ќе влезе со блага предност во финалето поради тоа што веќе беше во финалето и победи пред четири години. Го велам ова бидејќи во тимот има играчи кои ќе знаат како да се носат и справат со притисокот.

– Друго е кога еднаш сте биле таму, чувството е поинакво. Секако, во овој тим на Франција има и играчи кои не играле финале и тоа за нив ќе биде нешто ново.

– За многумина ова ќе биде и прв натпревар против Лионел Меси и сигурно е дека помладите играчи ќе имаат притисок. Овој француски тим е многу компетитивен и знае што сака со Дешамп како тренер. Сметам дека ќе направат се за да ја одбранат титулата. Од друга страна, Аргентина е многу агресивна и ќе направи се за да го сопре Мбапе.

– Ќе се обидат да го блокираат, но ќе биде тешко за нив бидејќи тука се и Чуамени, Гризман и Дембеле. Не се зборува многу за Дембеле на овој турнир, но сметам дека тој игра извонредно, му помага многу во одбрана на Кунде и работи напорно за тимот, – вели Дрогба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни