Поврзете се со нас

Германија

Драма во Бремен: Форсберг во последната минута му донесе Куп финале на Лајпциг (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на РБ Лајпциг се првите патници во финалето на Купот на Германија и тоа откако вечерва успеаа да пронајдат начин да слават над Вердер во Бремен.

„Биковите“ важеа за огромни фаворити на оваа средба, меѓутоа не можеа да го скршат отпорот на домаќините во регуларниот дел, па мораа да се играат продолженија. Првите 15 минути донесоа вистински возбудувања, прво Хванг ја заокружи одличната акција на Лајпциг за 1-0 во 93, водство кое траеше до 105 кога Битенкурт ја искористи грешката на противничката одбрана и израмни на 1-1.

Овој резултат беше активен се до последната минута на второто продолжение во кое резервистот Форсберг се најде на вистинското место и стрелаше за победа и второто финале на Лајпциг во неговата историја.

Противник ќе им биде победникот од мечот Борусија Дортмунд-Холштајн Кил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни