Поврзете се со нас

Македонија

Драгарски и Aдеми за уште посилна Беса

Објавено

на

foto:www.facebook.com/besa.doberdoll

Тимот на Беса има јасна зацртана цел во новата сезона, а тоа е влез во најсилната домашна фудбалска конкуренција.

Поради тоа се гради силен состав кој предводен од тренерот Александар Таневски ќе треба квалитетот да го потврди и на зелениот терен.

Нови имиња во Добри Дол се Христијан Драгарски и Фитон Адеми. Драгарски е поранешен младински репрезентативец на Македонија, играч со настапи и во Романија, Србија и Романија и дефинитивно ќе биде големо засилувања.

Адеми пак е екс играч на Беса или поточно тој прави кам-бек во старата средина по епизодата во Воска Спорт.

Претходно беше доведен и напаѓачот Изаир Емини што доволно говори дека Беса и тоа е како сериозна екипа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни