Формула 1
Доминација од светскиот шампион: Ферстапен ги престигна двата болиди на Ферари за победа во Мајами (Видео)

Макс Ферстапен имаше најголем можен предизвик на денешената трка за Големата награда на Мајами, каде успеа да дојде до премиерна победа на новата патека во Ф1 календарот и покрај тоа што ги имаше двата болиди на Ферари пред себе.
Шарл Леклер и Карлос Саинц беа побрзи од него на вчерашните квалификации, но кога беше најпотребно, Макс ја покажа својата класа и само демонстрираше дека неслучајно е актуелен светски шампион.
Холанѓанецот трка во напад уште во првите моменти од трката и го мина Саинц уште на стартот, а набрзо покажа дека има извонредно темпо и не чекаше многу за напад над лидерот во генералниот пласман.
Ферстапен му се залепи на Леклер и без преголеми проблеми ја искористи брзината на својот Ред Бул, болид кој презентираше завидни перформанси на правците на патеката во Мајами. Ферари беше побрз на свиоците, но Ферстапен правеше огромна разлика на отворен простор и не потпадна под притисокот и покрај тоа што Леклер доби шанса за реванш.
Ландо Норис направи голема грешка на десетина круга пред крајот и принуди да влезе сејфти-кар на патеката, па така предноста од речиси осум секунди на Макс пропадна во вода. Пред рестартот, сите болиди се наредија еден до друг, но иако Леклер се обиде да направи притисок, Ферстапен не потклекна и го одбрани првото место.
Истото важи и за Саинц кој се одбрани од Перез, па така Шпанецот им прави друштво на Ферстапен и Леклер на подиумот во Мајами, трка на која Ферстапен доби и дополнителен бод поради најбрзо извозен круг. Со третата победа оваа сезона, Макс ја намали негативата во генералниот пласман и лидерот Леклер има 19 бодови предност.
Во завршницата од трката, интересна беше и борбата за петтото место која му припадна на Расел пред тимскиот колега Хамилтон, а во топ 10 завршија и Ботас, Алонсо, Окон и Албон.
-
АТПпред 23 часа
Противпожарен аларм го прекина налетот на Ѓоковиќ, но не можеше да спречи 1000. победа во кариерата! (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави со искрена изјава за можното заминување на Де Јонг: За мене тој е многу важен, но….
-
Англијапред 8 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 4 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 23 часа
Мурињо имаше што да види: Рома шутна 46 пати, но не победи против „фенерџијата“ (Видео)
-
Германијапред 6 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Англијапред 22 часа
Салах испрати одговор со еден збор откако беше запрашан дали ќе игра против Реал во финалето во Париз (Фото)