Поврзете се со нас

АТП

Директорот на Австралија Опен го прозва Ѓоковиќ: Правилата се јасни, одлуката е негова

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ самостојно го доведе во прашање своето учество на Австралија Опен, откако на директно новинарско прашање по поразот од Зверев во полуфиналето во Торино, нагласи дека дополнително ќе донесе одлука за тоа дали ќе ја брани титулата во Мелбурн.

Светскиот рекет број еден со себе носи една голема мистерија во изминатата година, бидејќи никој со сигурно не знае дали е вакциниран, или се уште нема примено било која од вакцините кои штитат од Ковид – 19, а кои во јануари ќе бидат задолжителни за влез во Австралија.

Добар дел од медиумите веруваат дека Србинот не е вакциниран и е против задолжителна вакцинација, па ако остане на тој став, нема да може да настапи на турнирот кој го освои девет пати во својата кариера.

– Новак со никој го нема споделно својот статус за вакцинацијата. Тој смета дека тоа е приватно прашање и дека луѓето мора да имаат право на избор, – вели директорот на Австралија Опен, Крег Тајли.

– Новак освои девет титули на Австралија Опен и сигурен сум дека сака да ја освои и десеттата. Моментално има 20 грен слем титули, исто колку Надал кој го најави доаѓањето тука. Мислам дека Ѓоковиќ нема да сака некој да има предност во оваа трка со недоаѓање. Сепак, правилата во Австралија се јасни. Ако дојде во Австралија, тоа ќе значи дека е вакцинира, цел свет ќе дознае дека е вакциниран, – потенцира Тајли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни