Поврзете се со нас

Европски купови

Димитријевиќ „згази“ со асистенции, Валенсија славеше во Еврокупот

Објавено

на

Екипата на Валенсија за која настапува македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше победнички старт на новата натпреварувачка сезона во Еврокупот.

Шпанскиот прволигаш вечерва како фаворит го дочека грчки Прометеас, статус кој го потврди во „Ла Фонтета“ каде славеше со 92-82. Домаќините добија три од четирите четвртини и сосема заслужено се израдуваа на првиот триумф и бодови во групата Б.

Пет играчи имаа двоцифрен број на кошеви од кои најдобар беше францускиот интернационалец Лабери со 23 поени. Нашиот Димитријевиќ уфрли 9 кошеви, меѓутоа страшно ја разигруваше екипата и имаше дури 11 асистенции со што беше далеку најдобар поединец кога е во прашање оваа статистичка категорија.

Валенсија во второто коло му гостува на Будуќност што значи ќе имаме можност да гледаме битка на двајца репрезентативци Димитијевиќ и Џејков Вајли.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни