Поврзете се со нас

Свет

Ди Марија добил „црн пакет“ во Росарио, мафијашите му испратиле морничава порака!

Објавено

на

foto:twitter.com/SLBenfica

Анхел Ди Марија се врати во Бенфика и реши да одигра барем уште една сезона за „лисабонските орли“, а во последно време се почесто зборуваше и за кам-бек во матичниот Росарио Централ.

Ди Марија не крие дека кариерата сака да ја заврши во матичниот клуб, но ваквите негови изјави сега предизвикаа сериозен потрес во неговиот роден град, бидејќи оттаму пристигна вест за морбидна закана која ја добило семејството на фудбалерот.

Озлогласена нарко-мафијашка група испорачала „црн-пакет“ пред домот на Ди Марија кој се наоѓа на периферија во Росарио, а пораката која била пронајдена во истиот е навистина застрашувачка.

Аргентинската мафија му порачала на Ди Марија да не ни помислува на враќање во Росарио Централ, бидејќи ако го направи тоа, ќе остане без еден важен член од семејството:

– Кажете му на вашиот син Анхел да не се враќа повторно во Росарио, или во спротивно ќе се занимава со убиство на член од блиското семејство. Ниту Пулјаро нема да може да го спаси (локален гувернер на Росарио). Ние не фрламе само обична мала хартија, зад нас стои олово, куршуми и безживотни тела, – гласи пораката која ја добило семејството на аргентинскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни