Поврзете се со нас

Македонија

Дефанзивецот Лимани ново име во редовите на Шкендија (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Шкендија ги засили своите редови со 29-годишниот интернационалец од Косово, Ардиан Лимани.

Лимани досега беше соиграч со нашиот Марко Симовски во Дрита, но сега две години ќе го носи дресот на клубот од Тетово.

Неговата работа му е добра позната на новиот тренер на „црвено-црните“ Ардиан Нухиу со кого соработуваа во составот од Гњилане.

-Убаво е чувството да се носи дресот на Шкендија, бидејќи сите знаеме каква историја има и за каков успешен клуб се работи. Видов дека Шкендија има многу жестоки навивачи, „Балисти“ кои многу го сакаат клубот, сакаат да освојуваат трофеи. Ова ме поттикна да дојдам овде бидејќи кога имате амбициозен клуб кој цели кон трофеи, нормално е да чувствувате дека треба да бидете дел од тој тим, -порача Лимани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни