Поврзете се со нас

Германија

Де Лихт по победата над Интер: Има огромна разлика во тренинг рутините во Италија и Германија

Објавено

на

Матијс Де Лихт беше стартер при враќањето во Италија како играч на Баерн Минхен и се израдува на победа над Интер од 0:2, резултат кој Германците го остварија со доминантно и интензивно издание на противничката половина.

Баварците ја контролираа играта и го диктираа темпото на „Џузепе Меаца“, па на крајот остварија заслужена победа изразена со два гола разлика иако не одиграа перфектно добро како во некои други случаи во Лигата на шампионите.

– Ова беше добар меч, коректен од наша страна. Не беше перфектно добро, но беше доволно. Ја игравме нашата игра, го ставивме Интер под притисок и го добивме резултатот кој го сакавме, – изјавил Де Лихт, кој од италијанските новинари бил запрашан и за контроверзиите кои ги предизвика по заминувањето од Италија.

Холанѓанецот тврдеше дека не можел да се прибере на првата тренинг сесија во Баерн поради огромната разлика во интензитет од тоа што го навикнал во Јуве, а сега даде подетално објаснување за таа изјава.

– На тренинзите во Баерн играм против едни од најдобрите и најбрзите напаѓачи во светот. Ми беше тешко на стартот, но од ден во ден учам и се навикнувам. Сега сум подобар и тоа е најважно за мене.

– Двата тренинг режима во Италија и Германија се тешки, но многу различни. Во Италија се е околу тактиката и системот, има помалку интензитет и пред се, помалку спринтање. Во Германија тренинг рутината е многу трчање и интензитет. Ми беше тешко на почетокот, бидејќи не бев навикнат на таков интензитет каков што практикуваат во Баерн, но сега веќе сум во врвна форма, – додава Де Лихт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни